17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Дно во македонскиот женски ракомет (Видео)

„Македонски херои“ се вика спортската сала на Средното фискултурно училиште во Скопје каде се одигра најсрамниот натпревар во историјата на македонскиот женски ракомет, куп натпревар меѓу Скопје и Гевгелија. Во последните 5 минути од натпреварот таканаречените „ракометарки“ намерно го промашуваа головите и на едната и на другата страна и си даваа автоголови. Очигледно, ниту едните, ниту другите не сакаа да победат.

Судиите го прекинаа натпреварот, за по кратка пауза по консултација со делегатите „играта“ да продолжи. Никој не се радуваше на крајот, бидејќи победата не им беше императив на двете „екипи“. Натпреварот заврши 16:17 за гостинките.

Брука и срам за македонскиот ракомет и за спортот воопшто.

 

Би можело да ве интересира

Планирани прекини во снабдување со електрична енергија во Прилеп

Пела Редакција

И, модуларната болница во Прилеп се полни – засега имунизирани над 350 лица

Елизабета Филипоска

Во Долнени и Кривогаштани отворени подрачни канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе