25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во Долнени и Кривогаштани отворени подрачни канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп

Секој понеделник и среда во општина Кривогаштани, и секој вторник и четврток во општина Долнени од овој месец започнуваат со работа подрачни канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп. Канцелариите ќе обезбедуваат поддршка за жителите во остварувањето на права од социјална и детска заштита преку воспоставувањето на мобилни тимови кои ќе обавуваат теренски посети во руралните средини. Отворањето на подрачни канцеларии на Центарот за социјална работа – Прилеп во општина Кривогаштани и општина Долнени, за жителите ќе овозможи  навремено  информирање за права од социјална и детска заштита, поголема достапност на социјалните услуги на локално ниво и  информирање за   националните програми на Агенцијата за вработување.

Оваа заедничка иницијатива на јавната институција Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа – Прилеп, општините Долнени иКривогаштани и ЛАГ АГРО ЛИДЕР ќе се надополнува со детектирање на предизвиците со кои се соочуваат жителите во селата, и креирање на идејни решенија кои ќе одговорат на реалните потреби и ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини. Проектот се реализира со поддршка на австриското Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи преку проектот “Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување” кој го спроведува Мрежата на Локални Акциони Групи на Австрија во партнерство со Мрежата на Локални Акциони Групи во нашата држава и ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп со 2 стручни комисии започнува проценка на штети од невремето

Поради топлотниот бран Општина Прилеп ги ослободи од работни обврски бремените жени и лицата над 60 години

Пела Редакција

Продолжуваат протестите и блокадите на жителите на Оревоец – власта глува на нивните барања

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе