-1.9 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

„Од колено на колено“ вечерва во „Марко Цепенков“

Македонскиот композитор, аранжер, инстурменталист и водач на музичкиот состав „Монистра“, Александар Јовевски, вечерва ќе одржи целовечерен концерт во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. Настанот ќе започне до 20.00 часот.

На концертот, Александар Јовевски ќе го претстави својот најнов музички етно проект насловен „Од колено на колено“ чија база е македонскиот фолклор, традиција и идентитет и е проект од национален интерес на Република Северна Македонија, поддржан од Министерството за култура и туризам.

Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните
инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со
клавијатури.

На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени четири обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски
композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

Концертот на Александар Јовевски е дел од програмата за одбележување на четириесет и пет годишниот јубилеј на Центарот за култура „Марко Цепенков“ -Прилеп. Влезот е бесплатен.

Известува:  Филип Димкоски

Би можело да ве интересира

Комуналците информираа: Исчистена е реката!

Пела Редакција

Љубителите на авантуризмот викендов можат да уживаат во Крушево

Елизабета Филипоска

На “Утринска ѕвезда„ глумеа, пееа, ги „собраа“ наградите, и, гордо си заминаа!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе