11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Октетот Прилеп со концерт одбележува три децении постоење

„Не  стој Доне, Донке“, „Те видов и се заљубив“, „Пусти мерак Ратке“, „Добро утро Прилепе мој“, „Серенада“ се само дел од песните кои низ децениите ги изведувал Октет Прилеп кој вечерва со концерт во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе одбележи триесет години работа.

Специјални гости на концертот се македонскиот победник на шоуто „Никогаш не е доцна“, пејачот Сашо Башески, професорката и пејачка Белинда Ристеска и пејачката Викторија Георгиеска.

Концертот ќе започне во 19.00 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Октетот Прилеп работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“ и со години ја негува староградската песна. Досега има издадено неколку албуми.

Би можело да ве интересира

Пуштен во употреба новиот мост во населбата Сточен пазар

Гордана Цветаноска

Во целосен прекин сообраќајот од Крушево кон Прилеп и кон Демир Хисар

Гордана Цветаноска

Исплатени субвенциите за предаден тутун

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе