2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

„Дури и глувците одат во рајот“-утре на пладне во кино Мис Стон

В сабота на 16 ноември, од 12 часот во киното Мис Стон ќе се одржи проекција на семејниот филм „Дури и глувците одат во рајот“ во режија на Јан Бубеничек и Дениса Гримова. Филмот ќе биде синхронизиран на македонски јазик.

Станува збор за филм за двајца смртни непријатели – малото глувче Визи и лисицата Вајтбели кои по еден несреќен настан се среќаваат во животинскиот рај. Тие ги губат своите природни инстинкти и стануваат најдобри пријатели. Нивната желба да останат заедно откако ќе се вратат на земјата се остварува, но тие повторно се раѓаат во спротивни улоги. Благодарение на моќта на пријателството тие можат го надминат дури и она што се чини дека е невозможно.

Влезници за филмот можат да се купат на билетарницата од киното Мис Стон денес од 10 до 12 часот и утре еден час пред почетокот на проекцијата.

Би можело да ве интересира

Македонската армија ќе вработува 150 професионални војници

Пела Редакција

(ВИДЕО)Денес ученик, утре стручњак, широка лепеза од занимања во СОУ „Ѓорче Петров“

Ќе се спроведува третата фаза на дезинсекција во општина Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе