5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Започнува раниот тутунски откуп

Годинава, 18 ти ноември е првиот ден од кога би можел да стартува раниот тутунски откуп. Во Македонија, денеска ниту една од 10 те откупни компании не започна со преземање на реколтата. И покрај најавите дека Кавекс Балкан ќе  отвори еден откупен пункт во долненско Дебреште, тоа не се случи.

Сепак, најголемиот откупувач Сокотаб започнува утре, 19 ти ноември со 8 ваги, од кои 2 во Прилеп, а останатите во Кривогаштани и Могила. Веќе наредниот ден 20 ти ноември за почеток на преземање на реколтата најави Пашоски и тоа на 14 ваги од кои во Ново Лагово, битолскиот дел од Пелагонија, крушевско, во Кривогаштани и во Конче, Источна Македонија.

Засега, тоа се најавите за почеток на ран откуп од страна на компаниите кои треба 5 денови пред планираниот старт да го известат Сојузот на тутунски здруженија за поверениците кои ќе бидат ангажирани во откупните пунктови.

Годинава се склучени договори за  26 илјади тони тутун, од 16 800 земјоделски стопанства во Македонија.  Се очекува реколтата да биде за над 10% потешка од минатогодишната, односно од 16 до 17 илјади тони. Откупуваат 10 компани, кои пријавиле 298 откупни пункта ширум Македонија, со  305 ваги. Крајниот рок за старт на тутунскиот откуп од реколтата 2024/25  е 15 ти декември.

Цените во договорите се идентични како и пред 2 години: првата класа е 375 ден, втората е 300, третата е 240 денари, и дополнителната 115 денари. Висината на субвенциите е: за прва  класа 80 денари, втора 70 и трета 60 денари за кгр тутун.

Би можело да ве интересира

„Мали тркала за големи промени“- на тротинети по повод Европската недела на мобилност 

Пела Редакција

Ристески од Прилеп: Од денеска 2500 производи имаат намалени цени – стапува на сила законот за нефер трговски практики

Пела Редакција

Се враќаат бадниковите поворки и во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе