13.1 C
Прилеп
вторник, 19 ноември, 2024
Пела Радио

Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година

Наредната година ќе се реализира проектот „Купи куќа за млади” најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

“Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови.  Затоа ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат подршка и помош за сопствен дом” -изјави министерот Николоски.

Тој денеска се обрати на настанот во организација на Сојузот на стопански комори поврзан со иновативни решенија за паметни домови.

“Иновативните предлози значат забрзување на стопанскиот и економскиот раст. Дополнително има уште еден сегмент кој се однесува на дуалното образование и мислам дека тоа е клуч за генерациите што доаѓаат и нешто што треба да даде нова можност за македонската економија. Тука ги вклучуваме и иновативните решенија во однос на начинот на градење и изведба на објекти. Ние како Влада стоиме на располагање со цел да дадеме подршка на вакви иницијативи,“ истакна министерот Николоски.  

Би можело да ве интересира

Агенцијата за медиуми го тужи Министерството за информатичко општество и администрација

Пела Редакција

Тутунарите го повикуваат МЗШВ на брза исплата на субвенциите од ланската реколта

Изложба CARIN,везови на имигранти, бегалци, и жители на Северна Норвешка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе