6.1 C
Прилеп
вторник, 4 март, 2025
Пела Радио

РК Прилеп испушти шанса за победа

Натпреварoт во првото коло од вториот круг натпревари во Суперлигата на Македонија, помеѓу ракометарите на Тинекс Пролет и екипата на Прилеп, заврши со реми  (23-23) . Причепчани можеа и да го загубат мечот, но на само осум секунди пред крајот на натпреварот успеаа да донесат  еден бод во Прилеп. Интресно е што и првиот меѓусебен натпревар на двете екипи , сезонава, во Прилеп, заврши без победник.

Инаку, во 13 минути од играта прилепчани имаа предност од 5-8, која ја одржуваа до крајот на полувремето. На паузата ракометарите на Прилеп заминаа со предност од 12-14. Во второто полувреме прилепчани повторно наметнаа силен ритам и по само пет минути во вториот дел дојдоа до предност од 13-17, па и до 14-18 , за потоа поагресивно во одбраната да играат домаќините, за на три минути пред крајот на дуелот Пролет да има предност од 22-20.  Играта беше до крај низвесна за на крајот, левиот бек  на Прилеп, Цветаноски, на само осум секунди пред крајот на мечот да даде гол, за конечни 23-23.

Најефикасни на овој меч беа Димковски и Бахар кај Тинекс Пролет со по шест погодоци, а исто толку голови постигнаа и Цветаноски и Рајатовски кај Прилеп.

Би можело да ве интересира

Балканско првенство за ветерани 27 – 29 октомври 2023 година „ПРИЛЕП 2023“

Никола Димески

“Паднаа“ пет гола на стадионот „Гоце Делечев„ каде Победа триумфира над Братство

Елизабета Филипоска

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Соколески : Среќен е секој голман во клуб кој има свој тренер на голмани (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе