29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Внимателно! Вечерва можно зголемување на нивото на водите на Црна Река

Поради големите количини дожд, особено вечерва,  водостојот на Црна река можно да е зголемен, информираат од ЦУК, кој предупредуваат за внимателност при движење покрај реките.

Во доцните вечерни часови и за време на претстојната ноќ се очекуваат нови врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата каде се прогнозираат количини на врнежи од 15-20 l/m2. Земјата полека се заситува со влага од претходните врнежи изминативе денови така што можна е реакција на реките во западниот дел на земјата и извесно зголемување на нивниот водостојот, велат од ЦУК

Зголемување на водостојот доцна во ноќта и утре изутрина може да има на река Треска, река Црна, на водотеците од горниот дел од сливот на река Вардар, како и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава. Спред прогнозите можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои што можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава).

Пообилни врнежи можни се и во делови од градските средини како Тетово и западниот дел на Скопје каде што предупредуваме на внимание.

Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на вечерните часови и ноќта”, посочуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

(Видео ) И, на Светскиот ден на правдата пензионерите протесираат, но правдата никако да ја добијат

(ВИДЕО) Јавните набавки неатрактивни за локалните компании поради неможност за наплата на услугите

Октет Прилеп вечерва ќе одржи годишен концерт

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе