7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Еден советник замина, друг дојде на неговото место

Советот на Оптшина Прилеп на денешната седница како прва точка на дневен ред го одобри и верификува мандатот на Весна Илиеска од СДСМ, според законските пропси, по поднесената оставката на челенот на Советот, Моника Грашоска Илиоска од СДСМ,  а предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на  градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2017 година, која беше поставена како точка на дневниот ред, беше оставена на разгледување за наредна седница.

Советниците најмногу се задржаа и полемизираа околу Предлог – Планот на развојните програми на Општина Прилеп за 2018 година. 40 милиони денари буџетски средства за патишта, 16 милиони денари за  регулација на речното корито,10 милиони денари за изградба на ободн канал кај Варош, 4 милиони денари за изградба на потпорни ѕидови…., беа тема на дискусија и  „камен на сопнување “ помеѓу власта и опозицијата.  „Дали овие средства се доволни или не?“ „Која е потребата за дополнителни буџетски средства?“ “Кој и колку досега градел патишта и улици во Прилеп?“ “Чии програми се реализират?!“ итн… беа дел од прашањата на опозицијата, па советничката говорницата се претвори во размена на популистички говори,  „кој што направил и зошто бил избран или не ја заслужил довербата кај граѓаните на локалните избори 2017?!„ .Но, како и што се очкуваше, советниците од 15 советници од СДСМ и коалиционите парнери, ја изгласаа оваа точка, иако опозицијата беше против .

 

За остантите точки од дненвиот ред на Советот на Општина Прилеп, Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надомест за уредување на градежно земјиште за изградба на објект во касарната во Прилеп, за заштита и чување на електронски податоци, на Министерство за внатрешни работи на Република Македон, кој ќе биде и инвеститор на објектот ,како и Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици за учебната 2017/2018 година во средните и основните училишта во Општина Прилеп беа едногласно прифатени.

А, по предлозите од советничката група на ВМРО ДПМНЕ за доделување бесплатно парцели и ослободување од комуналните давачи на младите брачни парови, во нас.„Градина“ со цел младите да не се иселуваат и да имаат свој дом, како и прдлогот за додлување 300 илјади денари од беџетот на Општината за помош на семејството Стеваноски на ул.Пиринска, чија куќа изгоре деновиве, завршија со одлука предлозите да бидат разгледан од соодветните општински комисии.

Би можело да ве интересира

Загина маж на патот Прилеп-Крушево, излетал од патот

Пела Редакција

(ВИДЕО)Прилепските пензионери протестираа, од утре ќе бараат поддршка од пратениците

Пела Редакција

ВНИМАТЕЛНО! (Видео)Патот на дел од Плетвар под вода

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе