2.5 C
Прилеп
среда, 15 јануари, 2025
Пела Радио

Тунески: СДСМ продолжува со лаги за работата на градоначалникот и директорите на средните училишта во Прилеп

СДСМ продолжува со ширење невистини и лаги за работата на Градоначалникот на Општина Прилеп заедно со директорите на средните училишта – истакна на денешната прес конференција, Христијан Тунески, портпарол на општина Прилеп, како демант на  пресс конференција кој во Скопје на претседателката на ОО СДСМ Прилеп, Петра Лукареска  која рече дека Градоначалникот на општината и директорите на пет средни училишта биле фатени во криминал со превозот на ученици.

-Најодговорно тврдиме дека јавната набавка за организиран превоз на учениците од населените места до средните училишта во општина Прилеп за 2023 година, е законски спроведена согласно со член 119 од Законот за јавни набавки и се запазени сите процедури. За оваа јавна набавка и за сите договори постои уредна документација во училиштата која може слободно да се провери. Потенцираме дека е апсолутно неточно тврдењето дека е зголемена цената на услугата и дека се исплаќани фактури без договор. Иронично е што ваквите лажни обвинувања за овие спроведени јавни набавки доаѓаат од тие коишто правеа криминали во минатото и нивната желбата да се прикрие незаконското работење на сегашната претседателка на ОО на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, којашто беше директор на СОУ „Ѓорче Петров“ и цело прво полугодие на учебната 2021/2022 сите средни училишта немаа договори за превоз и незаконски ги превезуваа учениците. Доказ за тоа е и судскиот спор којшто го поведоа превозниците против тогашните 5 директори на средните училишта поставени од претходната локална власт на СДСМ. Поради тоа бараме од Јавното обвинителство да испита како се превезуваа учениците 4 месеци од првото полугодие на учебната 2021/2022 година. Исто така, бараме од Јавното обвинителство да ги провери стенограмите од седницата на Советот на Општина Прилеп каде што двајца од тогашните директори на средните училишта поставени од СДСМ јавно изјавија дека учениците во првото полугодие од учебната 2021/2022 се превезувале без договор односно со устен договор помеѓу нив и превозниците. Почитувани сограѓани и медиуми, времето на незаконско работење и сомнежите за криминал завршија, а со сторените кривични дела и со одговорноста оставаме да се занимаваат истражните органи. Локалната самоуправа на Општина Прилеп предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески работи одговорно, законски, чесно и исклучиво во корист на граѓаните на општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард

Зоран Пачешкоски е новиот претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Елизабета Филипоска

Кузманоска: Програмата за социјална заштита ќе биде борба против сиромаштијата преку сеопфатни економски и социјални политики

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе