27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ГРАФИЧАРИТЕ ОД ПРИЛЕП НАЈДОБРИ НА КОНКУРС ОД УЈП

Од дваесет и петте пристигнати видеа, по распишаниот конкурс на Управата за јавни приходи на тема „Данок плати, во иднина да ти се врати“, видеото направено од ученците од графичката струка  од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, го освоија првото место.

Учесниците под менторство на нивниот професот Александар Костадиноски, давале идеи, снимале, глумеле и целосно се посветиле за да го создадат победничкиот видео продукт.

Нивната порака е дека со плаќањето на данокот како граѓани, си убезбедуваме подобри услови за живот во нашето општество.

Учесниците и професорот беа посетени од страна на претставнци на УЈП предводени од заменик директорката Тања Анчевска при што им беше врачена наградата-лаптоп за училиштето и пригодни подароци за секој ученик-учесник во овој проект.

 

ФОТО: архива на училиштето

Би можело да ве интересира

„Утре можеш да бидеш и ти“ – протест на прилепските велосипедисти

Пела Редакција

Крушево добива модерна сала за кино, театар и посебна сала на Советот

СВР Битола и ОВР Прилеп го одбележаа Денот на македонската полиција, 7ми Мај

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе