9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Генералниот штрајк на Еурокомпозит се сели пред Владата

Нема решение на повидок за социјалните прашања на вработените од „Еурокомпозит“.Преговорите не дадоа резултати, а од ветувањата не се живее… Утре генералниот штрајк се претвора во протест пред Владата, најави денеска претседателот на синдикалната организација на компанијата Роберт Богданоски. Според најавите, ќе отпатуваат 40 тина работници кои со шатори ќе се стационираат пред Владата во Скопје се до конечното решение на проблемите со кои се соочуваат 260 вработени. За протестот тие добиле поддршка од гранковиот синдикат на СИЕР.
Нередовна и ненавремена исплата на плати при што последната исплата изнесувала само 7 илјади денари нето, заглавени преговори за намалување на бројот на вработени како технолошки вишок, се само дел од натрупаните социјални проблеми на работниците.
Владиниот тим предводен од вицепремиерот Кочо Анѓушев најави дека се бара стратешки инвеститор, но резултати сеуште нема на повидок. Во меѓувреме, работниците велат дека не можат да го издражат притисокот во борбата за опстанок зашто најголем дел од вработените се од 55 до 60 годишна возраст со нерешен социјален статус со нередовна плата и недостиг од здравствено осигурување, како и неподмирени придонеси за пензиско осигурување за последните 6 години,поради што не можат да го остварат правото за пензионирање.

Би можело да ве интересира

„Еурокомпозит“ тема на пратениците. Заев: Државата има алтрернатива – да издвои три милиони евра да ги плати обврските

Злоупотребени концесии за над 2 000 хектари земјоделско земјиште

Витаминка ги претстави своите производи пред светската јавност на саемот ISM во Германија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе