-2.7 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Како да се креираат позитивни модели на културни искуства преку нови медиуми?

Новинарите од Радио Пела, Радио Кочани и порталот text.mk денес учествуваа на работилницата на тема „Креирање на позитивни и одржливи промотивни модели на културни и историски искуства преку нови медиуми“ која се одржа во хотел Амор во Кочани.

Работилницата ја конципираше и водеше културологот Звонко Димоски, а истата е во рамки на проектот „Зајакнување на гласовите: Колаборативен центар за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ поддржан од ГИЗ.

Тренингот опфати теми околу важноста на локалните медиуми во популаризацијата и реактуализацијата на историски и културолошки наративи, настани и ликови, успешни примери на популаризаторски стратегии во  локален контекст, модели, техники и технологии за популаризација и оживување на локалниот контекст како и комуникациски маркетинг и популаризаторски техники.

Присутните новинари од трите медиуми имаа и интерактивни задачи и работа на случај, се потсетија и се запознаа со теоретските начела на креирањето хиперлокални медиуми и радиа на заедницата.

Овој настан е органзиран со поддршка на програмата #SustainMedia, кофинансиран од Европската унија и германската влада, имплементиран од ГИЗ, ДВ Академија и Интерњуз.

 

Филип Димкоски

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ние сме жртви на транзицијата, бараме само достоинствен живот, пензионерски протести во Прилеп

Пела Редакција

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

(Точила) Страв кај жителите од кучињата скитници – има ли градот решение?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе