6 C
Прилеп
вторник, 17 декември, 2024
Пела Радио

“Преродба“ ја негува традицијата и за Св.Никола – се виткаат малите посни сарми со кои Прилеп влезе во Гинис

Здружението Преродба продолжува со негување на традицијата за патрон празникот на Прилеп, Св.Никола. Члeнките на здружението, со своите кулинарски вештини, покажаа како треба да изгледа светиниколската трпеза. Велат без прилепски светиниколски сарми, со големина на лешник, кои се карактеристични само за Прилеп, посно гравче, риба, слатки и овошје светиниколската трепеза не е комплетна.

– Марија Михајлоска, една од најпрвите членки на здружението Преродба, раскажа за нејзиното активно учество во одбележувањето на овој празник и за тоа како треба да бидат светиниколските сарми.

– Младите се иселуваат, но ја задржуваат традицијата, бидејќи сакаат и во иселеништво да ја имаат Македонија во срцето – вели Ленче Спиркоска.

Празникот Св.Никола, заштитникот на Прилеп е инспирација и за поетесите. Марија е  членка на здружението Преродба и токму овае празници се за неа инспиративни. Па, нејзината песна за Св.Никола и Прилеп стави белег на ова одбележување на традицијата.

Св.Никола е заштитник на Прилеп повеќе од една деценија, а овој православен празник е куќна слава на половина прилепски семејства, па, често прилепчани знаат да кажат „половина прилепски семејства слават, а другата половина им оди на гости“. Оваа година домаќин на светиниколската слава е Општина Прилеп која ги поканува сите добронамерници да го посетат Прилеп. Најпрво ќе се одржи Света Божествена литургија во најстарата црква Св.Благовештение, а пота ќе се изврши режење на славскиот колач пред параклисот на Св.Никола во центарот на градот, за одбележувањето на празникот да заврши со сеопшто славење и делење на посен светиниколски ручек за сите гости и посетители.

 

Би можело да ве интересира

Кога Мало Коњари ќе добие функционален канализационен систем?

Пела Редакција

Јасмина: Две соби ќе ми ја вратат вербата во животот, тие за мене ќе бидат палата и ќе направам прашинка да не падне во нив!

Елизабета Филипоска

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе