Денес во просториите на ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, претставници на компанијата Автоконтрол по повод новогодишните празници, на децата со попреченост од ова училиште им врачија пригодни новогодишни подароци.
Драги наши ѕвездички, Среќна Нова година! Нека оваа година биде исполнета со радост, успеси и многу насмевки. Секој ваш сон заслужува да се оствари, секој ваш труд заслужува аплауз. Нека срцата ви бидат исполнети со љубов, а деновите со светлина и топлина-порачаа од Автоконтрол.
Поддршката е светло за иднината на децата со посебни образовни потреби, овозможувајќи им да го остварат својот потенцијал и да изградат самодоверба во своите способности-велат од училиштето изразувајќи благодарност кон општествено одговорната компанија Автоконтрол.
Не случајно и директорот на ова училиште Ахил Јаков, а и компанијата Автоконтрол се дел од нашата предлог листа односно анкета за избор на медиумски највпечатливото лице или компанија кое/која дало/дала најголем придонес за заедницата во 2024 година, за кое/која јавноста пројавила најголем интерес.