0.8 C
Прилеп
сабота, 28 декември, 2024
Пела Радио

🎥Тридневен Новогодишен Базар кај Градскиот саат 👌

Втора година по ред Новогодишен базар на домашни производители во организација на Слоу Фуд Прилеп и Општина Прилеп на платото кај Градскиот саат. Забава, греано вино и ракија, домашни ракотворби, мед, сирење, вино, книги, украси зимница…Последната сабота од 2024 та година убав начин да се направи пазар на квалитетни производи од вредните раце на членовите на Слоу Фуд од Прилеп и од другите градови.

– Ова е добар начин, а и добар потег граѓаните да имаат предновогодишна забава. Ваквиот базар треба да биде традиционален, очекуван беше, има потреба од вакви базари. Годинава имаме многу поголем број на изложувачи, околу 30, има домашни преработки, сувомеснато, мед, сирење, декорации, имаме се’ за секого. Бенефитот е тој што малите, локалните производители, да се промовираат тука, дома. Најчесто производителите ни се од Прилеп, од локалните градови, Кавадарци, Неготино…Во цените може да има разлика, но некоја минимална, но со тоа што овие производи се направени со многу љубов, повеќе труд е вложено во нив, рече Тодорка Наумоска Димески, претседател на Слоу Фуд Прилеп. 

На базарот од денеска па до понеделник има шаренило од богата понуда создадена од директните производителите.

– Овде немаме втора рака на препродавачи, туку директно купувате од тој кој што директно ги создал производите. Интересно е што луѓето уште пред да започне овој базар беа постојано во контакт со нас како Слоу Фуд организација и прашуваа кои ќе бидат изложувачите, се интересираа.. Се надевам дека наредната година ќе биде уште помасовно. Со оглед на интересот вакви базари ќе организираме и во текот на годината, посочи Гоце Бумбароски од Слоу Фуд Прилеп. 

Со овој базар се збогатува предновогодишната програма на Прилеп посочи градоначалникот Јовчески:

-Со големо задоволство и чест денеска започнува нашиот традиционален базар, кој што точно овде на платото на Градскиот саат го организираме втора година. Нашите производители ги изложуваат своите производи, работи кои што можат да послужат и како новогодишен подарок. Програмата е збогатена со многу забава и музика, детско катче, а тука е и Дедо Мраз. Прилеп од денеска до понеделник ќе ја збогати новогодишната и предновогодишната програма.  Имаме и новогодишна програма која што започнува со детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“, а програмата за новогодишната ноќ збогатена и со изведувачи, дискџокеи за повозрасните, со убава забава да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година, рече Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп. 

Новогодишниот базар денеска привлече големо внимание кај прилепчани, а платото кај Градскиот саат беше центар на дружењето и пазарот за празничните денови кои следат.

Би можело да ве интересира

Награда за Витаминка за општествена одговорност од Банка за храна

Општина Прилеп ќе ја интензивира соработката со БиХ

Од четврток до недела екстремно топло во Македонија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе