8.7 C
Прилеп
петок, 8 ноември, 2024
Пела Радио

Ништо ново од работничката средба со вицепремиерот Анѓушев

         Гордиевиот јазол – Еурокомпозит, ја засилува голготата на вработените кои и во вториот обид преку разговори со владини претставници не можат да дојдат до конкретно решение за проблемите наталожени последниве 2 децении.

Средбата со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, која се одржа вчера, не донесе ништо ново велат работниците од Еурокомпозит кој 6 ти ден штрајкуваат во обид за решавање на нивната социјална агонија. Како што рече на денешната средба со новинарите Роберт Богданоски, синдикалниот лидер на работниците од Еурокомпозит, Владата настојува да најде поволен купувач за компанијата, но напоредно се правеле напори за решение на натолежените долгови кон работниците на име неподмирени придонеси кон фондот за пензиско осигурување за изминативе 6 години.
– Требало да чекаме 6 месеци. Да се најде купувач за фирмата, да се средат сите побарувања и да се реши проблемот. Во меѓувреме понуди директорите да направат план за работа, за ние да земаме редовно бруто плата. Имаше повеќе варијанти за тоа, едната беше ние да се префрлиме од оваа во друга фирма, за да земаме редовно бруто плата, рече Богданоски.
Наводно на средбата не било понудено ништо ново во споредба со последниот состанок минатата година кога ветувањата беа од страна на Владата за сукцисивна исплата на заостанатите плати до крајот на 2017 та, но истото не се оствари.
– Ние им ги пренесовме информациите од средбата со вицепремиерот Анѓушев на работниците. Денеска треба добро да размислиме и во текот на утрешниот ден ќе излеземе со конкретна одлука, вели Богданоски, кој потенцира дека се разговарало и за поднесените кривични пријави до раководните лица на компанијата.
Проблемот со предлогот на Анѓушев за исплата на бруто плата за работниците преку фирма „сестра“ на Еурокомпозит е што вработените стравуваат дека нема да ги добијат побарувањата на име заостанати придонеси кон фондот за пензиско осигурување и на таков начин ќе го пролонгираат остварувањето на правото за пензионирање или технолошки вишок. Ова, пак е најголемиот проблем во фабриката – загубар каде просечната возраст на работниците е околу 55 до 60 години. Нивната социјална несигурност, поради нередовната исплата на плати и здравствено осигурување повеќе години ги става на врвот од работничката неправда во Македонија, уште повеќе кога се има во предвид дека се работи за фирма од наменската индустрија во целосно државна сопственост.

 

Би можело да ве интересира

Стојкоска од Витаминка и Јакимоска од Комфи Ангел во 10 те жени најменаџерки

Гордана Цветаноска

Започна постапката за собирање потписи за независните листи за локалните избори

Гордана Цветаноска

Крушево ги дезинфицира училиштата пред стартот на учебната година

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе