1.5 C
Прилеп
понеделник, 20 јануари, 2025
Пела Радио

Вонредна испекција во прилепската болница по смртта на близначињата од с.Славеј

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов издал налог за вонреден инспекциски надзор во прилепската болница за случајот со двете новороденчиња близначиња кои починаа пред четири дена.

Проценката на лекарите е дека тие премрзнале, но причините ќе ги покажат вонредните контроли на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според соопштението на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески” – Прилеп, мајката на бебињата се породила на претпоследниот ден од 2024 година. Близначињата биле недоносени и родени во 34-та гестациска недела.

Во соопштението стоеш дека на 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на Одделот за детски болести било донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче претходно починало дома од истата причина

На женското новороденче му била извршена реанимација, било поставено во топли ќебиња и применети биле дополнителни мерки за затоплување. Сепак состојбата продолжила да се влошува. Во 13 часот била констатирана смртта на женското новороденче , стоеше во соопштението на Прилепската болница.

Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во кривогаштанскот село Славеј повикало Итна помош а семејството живеело во екстремно лоши услови и има уште три деца.

Би можело да ве интересира

Прилепските стилисти ќе учествуваат на манифестација „Hair fair 2018“ во Охрид

Елизабета Филипоска

Прилеп формира уште едно ЈП

Елизабета Филипоска

Казни од 1500 до 2000 евра за непочитување на забраната за движење во шумите со кои стопанисуваат „Национални шуми“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе