17.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Утре, прв самостоен настап на младиот пијанист Михаил Јагуриноски

Прилепскиот млад пијанист Михаил Јагуриноски, во класата на проф. Денис Најдоски, утре од 19 часот, во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи пијано рецитал, на кој ќе бидат исполнети дела од Бах, Моцарт, Менделсон, Зографски, Мошковски, Лист..
Јагуриноски е ученик во осмо одделение во основното музичко училиште “Ордан Михајловски – Оцка” , Прилеп. Клавирот почнува да го изучува од учебната 2010 / 11-та година во класата на проф. Игор Николоски. Од учебната 2016 /17-та година преминува во класата на проф. Денис Најдоски. Сите овие години е редовен учесник на голем број натпревари за млади пијанисти. Има освоено бројни први награди во соло пијано на општински, регионални и државни натпревари, како и повеќе први награди на мегународни натпревари во Белград, Ниш и Врање.
Исто така има освоено прва награда на државен натпревар во камерна музика. Редовно учевствува на сите концерти организирани од страна на музичкото училиште. Како гостин бил на концертот на пијанистката проф. др Ана Гацева.
Ова е негов прв самостоен пијано рецитал.

Би можело да ве интересира

На програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“денеска,вторник, три претстави

Театарот „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирањето

Елизабета Филипоска

(ФОТО) Изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ ,

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе