5.1 C
Прилеп
недела, 10 ноември, 2024
Пела Радио

Театарот „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирањето

Театарот „Војдан Чернодрински“ на 18 февруари 2022 / петок/ одбележува 72 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на претставата „Да инспекторе, Претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов од 19.30 часот на матичната сцена.
„Да инспекторе…..„ е последна премиера на театарот работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, во која, како и во секоја претстава, сите грешки актерите се обидуваат сѐ поуспешно да ги прикријат без публиката да забележи, ама во оваа претстава сѐ што можете и не можете да замислите се одвива погрешно. Имено, аматерското друштво „Преродба“ е толку посветено во изведбата што не дозволува ништо да го спречи расплетот на криминалистичката драма „Македонско крваво буре“. Актерите, поголемиот
дел од ансамлот на театарот, преку своите ликови најдоследно што можат го следат текот на дејствието и сѐ што се одвива на сцена цели кон разрешувањето на мистериозното убиство. Убиецот мора да е некој од нив, а сите се толку сомнителни. The show must go on! Како што расте тензијата за нерешливата мистерија, така расте и борбата на актерите да ја изведат нивната претстава доследно и до крај.

Првата претстава на театарот “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски, е одиграна на 18.02 во 1950 година. Оттогаш, разните генерации актери, вооружени со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа “плугот да ја ораат театарска ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите еднаподруга, се нижеле успесите и падовите на Театарот, а колективот
се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денес е ансамбл со врвни актерски имиња.

Во досегашниот опстој Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 360 премиери, изиграл над 7000 претстави кои ги гледале над 1, 6 милиони луѓе. Најгледани и најиграни претстави се “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“ исто во режија на Коле Ангеловски, играни над стопати. Голем успех Театарот низ годините има постигнато  и со претставите “Силјан Штркот“ “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”, “Спиро Црне” “Арсениј”, “Полковникот птица”, “Опера за три гроша”, „Змејовата невеста“…

Сепак претставата “Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, го „крена“ во висините театарот и беше бренд не само на македонскиот театар, туку и на балканскиот. Со “Тапаните …“ театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. а претставата ,,Кавкаскиот круг со креда“, режија на Мартин Кочовски во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.

Театарот низ годините во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески…

Би можело да ве интересира

МТФ „Војдан Чернодрински“ доби нов претседател

Гордана Цветаноска

„Денови на македонската фотографија“ во Прилеп

Годишен концерт на Октет „Прилеп„ со убава староградска музика

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе