20.1 C
Прилеп
четврток, 8 мај, 2025
Пела Радио

Комуналец ја гасни депонијата „Алиници“ која гори веќе неколку дена

Веќе четврт ден во тек гаснењето на пожарот на депонијата Алинци, кој според првичните информации најверојатно е предизвикан од човечки фактор. Во изминатите три-четири дена, ЈКП Комуналец, работи на справување со оваа состојба со сите свои капаците.

Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и поддршката од општествено одговорни компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно со цел целосно елиминирање на огнот иако временските услови се исклучително тешки и видливоста е намалена од маглата.велат од ЈКП Комуналец

Од Општина Прилеп апелираат граѓаните да не ја палат депонијата, бидјеќи на тој начин се загрозува животната средина и здравјето на сите граѓани

Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност – да не дозволуваме вакви ситуации, кои што ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот. Општина Прилеп изразува голема благодарност до сите кои се вклучени во оваа акција и Ве уверуваме дека продолжуваме со максимални напори за што поскоро решавање на оваа ситуација.,упатуваат апел од Општина Прилеп

Би можело да ве интересира

Втор ден по ред 4 нови случаи корона позитивни во Прилеп

Крушево го збогати својот шумски фонд со 12 000 садници

Елизабета Филипоска

Пронајдена е Вања, мртва во околината на Скопје

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе