Внимателно со апликациите кои ги симнувате на вашиот мобилен телефон, по инструкции на друго лице. За прилепепчанец оваа постапка била фатална по неговиот паричник.
Имено, 61 – годишен маж од Прилеп пријавил во ОВР Прилеп дека бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари. Според пријавеното, во периодот од средината на август 2024 година до 24.09.2024 контактирал со лицето кое го довело до заблуда дека ќе инвестира во криптовалути. Тој, од тоа лице бил наведен на неговиот мобилен телефон да инсталира мобилна апликација, за која 61- годишниот маж мислел дека ќе му служи за купување на криптовалути.
Како што е пријавено, преку апликацијата, лицето, измамник , пристапило во неговиот мобилен телефон и аплицирали за добивање на кредит од финансиско друштво, кој му бил пуштен на неговата трансакциска сметка, од каде пак лицето си ги повлекло парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.