Здравјето е богатство. Од сите овоземни добра, здравјето е најдрагоцено. Но, најважно е да сме свесни за тоа. Особено важно е да ги разбереме сигналите на нашето тело , да се одмориме кога нашето тело го бара тоа ,но и да внимание на нашето ментално здравје, како што се грижиме за физичкото здравје и обратно.Видеото во прилог ќе ви даде и неколку информации и совети за важноста од грижата на вашето здравје.
Прилепчанката Агрипина Цакоска, дипломиран физиотерапевт рехабилитатор (Тракиски Универзитет во Стара Загора, Бугарија) и натурализираниот скопјанец, кој живее и работи во Македонија Мехмед Бирџан со сертификати и дипломи од 21 различна техника и дисциплина работат заедно, тимски на полето на алтернативната медицина.
КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ: 070 245 131 Агрипина Цакоска, (македонски и англиски јазик)
072 256 763- Мехмед Бирџан (турски и англиски јазик)
Програмата во живо „Радио што се гледа“ денеска се одвиваше во кабинетот на Агрипина (кај м.в Шарена Чашма) во Прилеп, со цел гледачите и слушателите да се запознаат со нивната работа .
Тие велат дека не постои болест или состојба (физиолошка и психичка) која не може да се излечи. Прават третмани во зависност од индивидуалната состојба и потреба на човекот и комбинирани со фито-терапија и се прилагодуваат според договор за работа и во домашни услови на пациентот.