-1.1 C
Прилеп
петок, 21 февруари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Таравари: Само компетентните договорци ќе се вратат на работа

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска при посетата на прилепската болница во увид на новите два апарати за уролошкото и ортопедското одделение изјави дека се чека одобрение од Министерството за финансии за регулирање на статусот на договорците што работат во болниците низ државава.

-„Ќе биде регулиран статусот на договорците на ниво на цела држава. Се работи за 1180 договорици и се чека одобрение од Министерство за финансии, се надевам ќе биде потпишано што е можно поскоро, од Министерство за здраваство веќе е потпишано. Јас гарантирам, не дека ќе им се продолжат договорите, туку ќе земат и решенија. Ние тоа и го најавивме, а на 30 декември го поминавме и во Влада и Здравство и Финансии. Но во новите систематизации, поради приватните специјализанти кои се 300 во првата половина на годинава, и уште 300 во втората половина на 2025, ни требаше нова систематизација и директорите сега ќе отвораат конкурси, договорците ќе ги примаат но не мора сто проценти од договорците. Јас имам информации дека некои од тие договорци не се компетентни и не работат како што треба. Така што директорот има ексклузивно право да одлучи по конкурсот што ќе се објави,“ рече Таравари.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари годинава.

-Нема стручна грешка, да имаше веднаш ќе бевте известени и ќе се преземеа чекори за дисциплински мерки. Меѓутоа и ДСЗИ и стручната комисија што беше од Министерството за здравство, констатира дека нема лекарски пропуст, одговори Таравари на новинарско прашање при посетата во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Турнир во шах за просветни работници од средните училишта

Пела Редакција

Пријавување за вакцина во домашни услови во Прилеп и Крушево

Гордана Цветаноска

Бехтел и Енка не се откажува од експропријација на нивите во Беровци

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе