Пишува: Слободан ТОМИЌ
Најновото патување на премиерот Христијан Мицкоски во САД повторно ја разоткри нервозата и двојните аршини на оние што со години ја пустошеа Македонија, а сега се преправаат во некакви „морализатори“ и „демократи“.
Овојпат, Мицкоски оди во Вашингтон на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) – форум каде што се собираат водечките десничарски и конзервативни политички сили од целиот свет. Присуството на премиерот на ваков настан, каде што свои говори ќе одржат личности како Роберт Фицо, Лиз Трас, Стив Бенон и други, не е случајност.
Ова е уште една потврда дека Македонија конечно ја гради својата сувереност и позиција во меѓународната политика, наместо да биде вечно поданички настроена кон бирократите од Брисел, Берлин и Париз.
Но, наместо да го анализираат значењето на оваа посета, добро познатите платеници од поранешниот режим на Заев, Ахмети, Димитров и Османи, веднаш почнаа да ликуваат по нивните медиуми и портали, напаѓајќи го Мицкоски со банални и проѕирни аргументи.
Кој се плаши од Трамп и новиот светски поредок?
Очигледно е дека вистинската причина за нападите врз Мицкоски не е самото патување, туку стравот од промените што доаѓаат во глобалната политика.
Со враќањето на Доналд Трамп на светската сцена, завршува ерата на безличните бирократи кои ја држеа Македонија во заложништво, принудувајќи ја да се самоуништува за „ветувања“ што никогаш не беа исполнети.
За потсетување, токму овие „либерални“структури го создадоа најголемото национално предавство – промена на името, која ја наметнаа без поддршка од народот.
Кога Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и Димитар Ковачевски патуваа по светот, нивните средби служеа само за исполнување на туѓи агенди.
Тие не одеа кај Трамп, не одеа кај конзервативните сили што ја градат иднината, туку шетаа низ Брисел и Берлин со наведнати глави, молејќи да добијат некакво „да“за преговори со ЕУ, додека зад нив оставија раскрадена држава и уништени институции.
Денес, кога Мицкоски се среќава со луѓето кои ја обликуваат иднината на Америка и светот, старите платеници паничат.
Се плашат дека нивниот монопол врз Македонија завршува.
Се плашат дека конечно ќе се отвори вратата за вистински суверена политика, наместо слепо служење на бирократската елита од Брисел.
„Моралните“ критичари што ја урнисаа Македонија
Да се разбереме, денес најгласни противници на патувањето на Мицкоски се истите оние кои:
- го променија уставното име без да прашаат никого,
- потрошија и украдоа 32 милијарди евра од буџетот,
- не изградија ниту еден километар автопат во 7 години,
- не изградија ниту еден клинички центар,
- дозволија здравството да биде во распаѓање, што резултираше со трагични загуби, како смртта на младиот Ѓорѓи Томиќ на Хематолошката клиника во Скопје.
Кој има право да зборува за „трошоци“кога овие луѓе ја опљачкаа државата на секој можен начин?
Дали истите медиуми што сега прашуваат „дали патувањето е на државен трошок“некогаш прашаа каде завршија милијардите од македонскиот буџет?
Дали прашаа кој го дозволи масовниот криминал на функционери од СДСМ и ДУИ, кои се уште не се отстранети од клучните позиции?
Ако зборуваме за „државни трошоци“, нека одговорат:
- Колку пари потроши Зоран Заев на непотребни „лобирања“ низ Европа?
- Колку чини рекетот што го организираа низ бизнис заедницата?
- Колку „невладини“ организации плаќаа за да се поддржи предавството на Преспанскиот договор?
Зошто е важно што Мицкоски оди во Вашингтон?
За разлика од тие што ја уништија Македонија, Мицкоски оди во Вашингтон на покана. Оди таму каде што вистински се одлучува за глобалната иднина.
Оди на конференција каде што ќе се градат новите политички сојузи, а Македонија конечно ќе има свој глас.
Тоа е најголемиот страв на старата гарнитура, која со години служеше на „глобалистичките“центри за моќ.
Крај на привилегиите на платеничката елита
Со посетата на Мицкоски на CPAC, Македонија прави важен чекор напред. Веќе не е доволно да се биде „послушник“ во Брисел. Денес, државите што ја водат конзервативната политика, како Унгарија, Словачка и Полска, се тие што обезбедуваат вистински национален просперитет.
Ова е политиката што Мицкоски ја следи – суверена, државотворна, патриотска.
Затоа нападите врз него нема да запрат. Но, тоа само покажува дека Македонија конечно излегува од канџите на старата мафијашка гарнитура.
Стравот кај платениците е очигледен. Нивната моќ слабее, нивните наредби од надвор веќе не важат. Македонија е на пат кон своето национално будење.
А оние што критикуваат, нека се подготват. Новиот светски поредок не е на нивна страна.