-1.1 C
Прилеп
петок, 21 февруари, 2025
Пела Радио

ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Денеска се одржа завршниот настан на проектот „Градење капацитети за одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“, имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ и национално назначениот орган за Зелениот климатски фонд (GCF) – Канцеларија на Претседателот на Владата.
Се презентираа клучните резултати и постигнувања од проектот, кој во изминативе месеци работеше на тоа како да се зајакнат капацитетите за справување со климатски промени во секторите: здравство, образование и социјална вклученост. Проектот имаше за цел да помогне институциите да бидат поподготвени и поефикасни кога станува збор за справување со климатските промени и одржливиот развој.

„Климатските промени претставуваат еден од најголемите предизвици на нашето време. За ефикасно да се справиме со овие предизвици, мораме да инвестираме во човечкиот капитал – нашата колективна способност да се приспособиме, да иновираме и да градиме отпорни општества. Во таа насока, го финализираме предлогот на Законот за климатска акција, во кој покрај другото, се вградени прашањата за образование за климата и трансферот на технологии,“ г-дин Изет Меџити, прв Заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно
планирање.
На настанот, исто така, се зборуваше за создавање нови „зелени работни места“, кои ќе им дадат можност на младите да работат во сектори кои се во согласност со најновите климатски трендови.
„Особено сме горди што овој проект ги постави темелите за поттикнување на зелени работни места и унапредување на политиките за социјална инклузија. Во овој контекст, важно е да истакнеме дека Националниот Акциски план за поддршка на развојот на зелено, климатски паметно, родово чувствително и инклузивно вработување, во клучните економски сектори во државата, содржи конкретни мерки за адаптација на пазарот на трудот кон зелената транзиција”, – г-дин Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Г-дин. Даме Димитровски, претставник на национално назначен орган – Канцеларија на Претседателот на Владата, истакна дека климатските промени се високо во владината агенда и дека секторите образование, социјална заштита и здравство се препознаени како клучни во зелената агенда.

„Релевантните институции ќе ги имплементираат акциски планови со клучни активности за справување со климатските промени кои беа изработени во рамки на овој проект. Вложуваме во унапредување во човечкиот капитал и нашата заложба е луѓето во овие институции да ги чувствуваат овие проекти и активности за свои.“
Од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, г-дин Марк Барет, проектен менаџер, истакна дека една третина од портфолиото е всушност имплементација на проекти кои како на национално, така и на регионално ниво придонесуваат кон адаптација на земјоделието и транспортниот сектор, декарбонизација на енергетскиот сектор, унапредување на енергетската ефикасност на јавните објекти и справување со поплави, како и зајакнување на приватниот сектор кој игра клучна улога во зелената транзиција.

Заклучокот од настанот беше јасен – потребна е континуирана соработка за да се направат овие позитивни промени трајни и дел од секојдневниот живот.

Би можело да ве интересира

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Двајца Прилепчани, сопружници, заболени од коронавирусот

Елизабета Филипоска

Одбележан 9 ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе