5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Крајни рокови за нови цени и законски измени за тутунопроизводство и откуп

На неколку „фронта“ се одвиваат преговорите за новите цени, за измени во Законот за тутун, како и во Правилникот за откуп и проценка. Со последништво на ресорното министерство и министерот Трипуновски, во тек се разговорите со откупувачите во работната група. Се бараат начини да се стандаризира производството на околу 20-22 милиони кгр тутун, да се испочитуваат барањата на тутунарите за фер цени, но и потребите на откупувачите.

-„Имаме иницирано неколку точки: една е за измена на Законот за тутун во ова работно тело. Како предлози дадени се од нас од Сојузот, за забрана за увоз на ароматичен суров тутун; враќање на ингеренциите на Сојузот, така што без согласност на Сојузот да не може да потпишуваат договорите, односно да се договараат цени и договори; исто така баравме измена на член од Законот за полагање на добивање на лиценца, не само на носителот на стопанството, односно на договорот, но и потесното семејство, да може да полага за лиценца и неговиот син, ќерка или снаа. Сеуште сме во преговори, сеуште немаме донесено дефинитивни заклучоци и одлуки,“ рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија, официјалниот претставник на тутунарите во преговорите.

Според законската регулатива заклучно до 20 ти февруари откупувачите се обврзани да испратат предлог цени за новите договори. Сојузот ќе ги отвори понудите, ќе ги разгледува, и треба да се подготват одговори во законски рок од 5 дена, така што во овој период новите цени не се коментираат. Кои се очекувањата за новите цени?

– Вечерва на Извршен одбор ќе ги видеме понудите и ќе го одговориме позитивно или негативно. И во рок од 5 дена треба да добиеме повторно, согласност нивна или нови цени, и тогаш ќе излеземе и јавно ќе кажеме, кои се нивните, а кои нашите понуди и што треба да прифатиме. Ние кажавме наш став дека не смееме да помислиме дека наредната реколта цените ќе бидат пониски од оваа, може да бидат повисоки, а не пониски, потенцира Ристески. 

Значајно е да се воведе ред во тутунопроизводство, во откупот бидејќи интересот за ориенталниот тутун сеуште е голем и има недостиг. Од двете страни: тутунопроизводители и откупувачи, со посредство на државата се очекува да се воведат правила кои ќе овозможат стабилно производство, задоволни тутунари и откупувачи.

Кај компаните има интерес и тие сакаат да го купуваат, меѓутоа сакаат да се воведе некој ред. Ние сме тука, им подадовме рака да им помогнеме, меѓутоа колку ќе не’ прифатат и нас како Сојуз, нашите сугестии не знам. Во работната група му понудивме некои решенија за измена на Правилникот за откуп, посочи Ристески.

Тутунарите очекуваат повисоки цени по класи, воспоставување на ред во откупот. Задоволни од ланската проценка – интересот кај нив е голем за склучување на нови договори.

-За мене е изненадувачки интересот, е многу голем, од очекувањето мои што беа за склучување на нови договори. Компаниите си зеле за право веќе да делат семе, да зафаќаат парцели, меѓутоа до 28 февруари, до заклучување на откупот, тие немаат право да склучуваат договори. Сега само има контакти со кооперантите, меѓутоа интересот за склучување на нови договори на кооперантите е голем, вели Ристески. – Од новата реколта очекуваме да не падни пониско од овогодинашната цена. Нормално очекувам дека ќе постигнеме повисока цена, се надевам дека ќе успееме во тоа. Има интерес за нови склучувања на договори, но тоа е процентуално многу мал дел. Големо зголемување нема да има, тука ќе се движи около 22 милиони до 20 милиони килограми новата реколта, вели Јусуф Ибраими, тутунар од долненско село Житоше.

До крајот на оваа откупна кампања остануваат уште 7 дена. Откупени се точно 24.163.000 кгр тутун, до 20 ти февруари, од кои 99 отсто е откупен на прва класа. Тутун сеуште се презема, но само сув, ферментиран или во договор со тутунарите доколку производството е над крајната граница со влажност, или недосушен тутун, се цени по класи.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Попладнево земјотрес почувствуван во Прилеп и Битола

Елизабета Филипоска

Црвен тепих на хуманоста, наместо Бадникови поворки

Гордана Цветаноска

Се засилуваат инспекциите – стоп за пожарите на земјоделско земјиште

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе