10.9 C
Прилеп
четврток, 27 февруари, 2025
Пела Радио

Жител од Беровци жртва во сообраќајната несреќа на регионалниот пат Прилеп – Битола

На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп синоќа беше во прекин околу два часа кај селото   Беровци и возилата беа се пренасочувани по стариот пат .

Би можело да ве интересира

Помош за семејството чија куќа утринава изгоре најави општината

Комфи Ангел – предновогодишна распродажба за уште една хуманитарна акција

Гордана Цветаноска

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани пред Цепенков

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе