10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Бесплатни прегледи и музичка забава в сабота во центарот на Прилеп

В сабота на први март, од 10.30 до 13.00 часот, на платото кај Саат кулата во Прилеп, учениците од образовниот профил фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“, организираат интерактивен настан со цел и да им помогнат, но и да ги разонодат сите граѓани на Прилеп и сите оние кои во тој период ќе бидат во градот.

Сите посетители ќе имаат можност, бесплатно да им бидат измерени крвен притисок и ниво на шеќер во крвта. А со поддршка на аптеките Зегин, бесплатно ќе вршат проверка на витаминско-минералниот статус во организмот.

Музичката програма ќе ја реализира бендот „Тhe Doctors” заедно со нивните гости кои ќе настапат со нив.

Настанот се реализира по повод 8 Март-Меѓународниот ден на жената, а со цел промоција на образовниот профил фармацевтски техничар.

 

 

Би можело да ве интересира

Пуштен во сообраќај патот Битола-Ресен

ВНИМАТЕЛНО! (Видео)Патот на дел од Плетвар под вода

Пела Редакција

Одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев и Пере Тошев

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе