10.2 C
Прилеп
сабота, 26 април, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Алексоски: Годинава за 20 % го зголемуваме договорното производство на тутун

Има ли шанси и која е патеката Тутунски Комбинат АД Прилеп да се врати на пиедесталот на  некогашен гигант во тутунската индустрија. Колку стратешкото партнерство со Филип Морис може да помогне во тие желби? Монополот најмалку една деценија се бори да фати чекор со модернизацијата, техничко – технолошкиот напредок за да биде конкурентен на пазарот со откуп, преработка на ориентален тутун и производство на цигари.

Тутунски рамо до рамо со останатите 9 откупувачи учествува во преговорите за промени во законската регулатива за тутун и тутунски производи што треба да овозможат иднина во одгледувањето на оваа земјоделско – индустриска култура единствена регулирана со закон.

За прашањата околу цените за новата тутунска реколта – колку тие ќе обезбедат извесна производна и откупна кампања за реколта 2025/26; за стратешкото партнерство со Филип Морис; колку се реални надежите на прилепчани дека некогашниот гигант повторно ќе биде еден од столбовите на Прилеп  со Александар Алексоски, генерален извршен директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Следува зголемување на бројот, Прилеп е во втора фаза со многу нетипични случаи на корона вирус!

Гордана Цветаноска

Внимтелно: боево гаѓање на стрелиштето „Леково“

Пела Редакција

(Видео) Уапсен прилепчанец за подметнување пожар

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе