На денешен ден во 1965 година, почина големиот македонски писател Стале Попов, особено познат по неговиот прв роман „Крпен живот“. Стале Попов е роден на 25 мај во с. Мелница, Мариово (прилепско).
Првите раскази Стале Попов ги објавил во списанието „Современост“. Сепак, како автор се афирмирал со објавувањето на неговиот роман „Крпен живот“ објавен во 1953 со второ продолжение објавено во 1954 година.
Со објавувањето на „Итар Пејо“, „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“, „Дилбер Стана“, „Шаќир војвода“ и други негови дела, Попов станува еден од најплодните романописци и раксажувачи во македонската книжевност. Негови собрани дела повеќекратно се објавувани во неколку тома во 1966, 1976 и 1987 година.
Неговиот син Ѓеорѓи Сталев Поповски е познат македонски писател и преведувач, кој особено е истакнат во преведувачката дејност. Меѓу другото, најзначаен е заради преводот и препевот на „Сердарот“ на Григор Прличев од грчки на македонски јазик.
По пoвод 30 години од незавинсота на Македонија, во центарот на Прилеп беше изработен мурал од прилепските уметници Сања Јездиќ, Александар Џинго и Ферди Булут.
Инаку во чест на Стале Попов, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Стале Попов“. Наградата за 2024 година ја доби писателот Жарко Кујунџиски за книгата „Приказничар“.