30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ЈКП ВиК Прилеп распиша тендер за набавка на модерна опрема

ЈКП Водовод и канализација Прилеп наскоро ќе добие рентген за детектирање на проблемите со водоснабдувањето и протокот во канализационата мрежа. Во тек е тендерската постапка за набавка на апаратот со кој во многу ќе се олесни и забрза санацијата на проблематичните точки во двете комунални мрежи во градот.
– Во моментов има тендерска постапка за набавка на рентген со кој што ќе може да се анализира мрежата до 5 метри под земјата. На тој начин заедно со опремата за детекција на губитоци на вода и на тесни грла во канализационата мрежа, најпосле, ЈКП Водовод и канализација Прилеп ќе може да знае каква е состојбата со водоснабдителната и канализационата мрежа во градот, истакна Емил Јанески, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп при посетата на улиците Методија Патчев и Борка Талески во населбата Рид.
Инаку, домаќинствата во оваа населба години наназад имаа недоволен доток на вода, но проблемот денес е надминат, зашто отстранет е дефектот на опремата за правилно распределување на водата.
– ЈКП Водовод и канализација го санираше проблемот со стренерот на регулаторот на притисок кој што се наоѓа во населбата Тризла. Од како се отстрани дефектот на стренерот за високите зони за Рид и населбата Тризла, водоснабдувањето е во голем дел подобрено. Во иднина редовно ќе ги проверуваме регулаторите за обезбедување на доволно количество вода за високите зони, за да можеме да им овозможиме на сите наши граѓани да се снабдат со квалитетна вода за пиење, потенцираше директорот Јанески.Во иднина, им вети на ридарци директорот Јанески, при посетата на

населбата Рид дека во соработка со ЈКП Комуналец дополнително ќе се ангажираат за, населбата Рид да биде колку може поурбана, што подразбира санација на игралишта и одржување на парковските површини.

Би можело да ве интересира

(ФОТО)Со изложба и презентација во СОУ „Р.Р.Ричко“ одбележани 110 години од Македонскиот фронт во Првата светска војна

Пела Редакција

(ВИДЕО) Зошто СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп е вистински избор за деветтооделенците?

Прилеп домаќин на шаховскиот камп за млади-за популаризација на оваа игра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе