10.7 C
Прилеп
четврток, 13 март, 2025
Пела Радио

Расте бројот на крводарители-Црвен крст одбележува 80 години постоење (ВИДЕО)

Под слоганот „Ние гледаме луѓе“ Црвениот крст на Македонија годинава одбележува 80 години од основањето. Јубилејниот карван синоќа пристигна во Прилеп со чествување во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.

Настанот се одржа во присуство на  д-р Лилјана Ристевска, потпретседател на Црвениот крст на Македонија, претставници на Црвениот крст од Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп, д-р Борче Јовчески и многубројни претставници на институции и здруженија на граѓани.

Една од најхуманите и најпрепознатливи активности на Црвениот крст е органзирањето на многубројните крводарителски акции. Според потпретседателката д-р Лилјана Ристевска, радува фактот што од година во година бројот на крводатителите се зголемува.

Можеме да се пофалиме со голем број на хумани граѓани, крводарители. Задоволува и фактот што секоја година се зголемува бројот на млади крводарители, односно на луѓе кои првпат даруваат крв-рече д-р Ристевска. 

Марија Томеска,  лидер на Клубот на млади кој претставува интегрален дел на Црвениот крст од Прилеп, веи дека  моментално во Прилеп активно работат околу педесет волонтери кои се вклучени во голем број на хуманитарни активности со цел да помогнат онаму каде што е најпотребно.

Да се биде волонтер на Црвениот крст значи, своето слободно време да го искористам во доброволна служба и непристраснот кон онаа работа што ја правам, односно со цело срце да ги извршувам должностите во рамки на Црвениот крст, да помагам онаму каде што можам и да ја надградувамз аедницата во која што живеам-вели Марија Томеска. 

Градоначалникот на Општина Прилеп, д-р Борче Јовчески рече дека овој настан е многу повеќе од одбележување на јубилеј, бидејчи Црвениот крст на Македонија е симбол на човекољубие, надеж и несебична грижа за најранливите.

Во светот што често заборава на вистинските вредности, Црвениот крст е светлина. Тоа не е само организација – тоа е срцето на хуманоста, гласот на оние на кои им треба помош, раката што прва се подава во најтешките мигови. Горди сме што како Локална самоуправа сме дел од оваа приказна. Нашата соработка со Општинската организација на Црвениот крст во Прилеп е изградена врз доверба, посветеност и заедничка визија – никој да не остане сам во неволја. Нашите крводарители, нашите волонтери, сите кои даваат дел од себе за нечиј живот – тие се вистинските херои на ова време-истакна градоначалникот Јовчески. 

На настанот јубилејни плакети од ЦКРСМ им беа врачени на градоначалниците на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

Ф.Д.

Би можело да ве интересира

Водата од јавните чешми во 7 села и од две крајпатни чешми не е исправна

Гордана Цветаноска

20 години од масакрот кај КАРПАЛАК, почит за загинатите бранители

Гордана Цветаноска

Што подготвуваат прилепските фризери, бербери и козметичари?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе