29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Силен земјотрес во Грција почувствуван и во Прилеп

Околу 11 и 15 минути денеска во Прилеп беше почувствуван земјотрес со појак интензитет. Потресот беше десетина секунди, и ги познемири прилепчани особено жителите од повисоките катови од зградите. Земјотресот бил почувствуван и во југо-западните делови од Македонија.

Според информациите од ЕМСЦ, епицентарот на земјотрес е во Грција и бил со јачина од 6,9 степени на длабочина од два километри.

Епицентарот бил на 24 километри северозападно од Лариса и на 10 километри северозападно од Турнавос. Земјотресот бил почувствуван и во поширокиот регион освен во Македонија и Црна Гора и Косово.

Би можело да ве интересира

Утре во Прилеп температура до -15, патиштата и улиците чисти

Тутунскиот откуп во шах – мат !!!

Средношколците продолжуваат со бојкот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе