19.5 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

Во денешната крводарителска акција собрани околу 60 единици крв

Во денешната крводарителска акција собрани околу 60-тина единици крв. Под мотото “Да даруваме крв, да спасиме живот“ и “Да помогнеме заедно“, крводарителската акција,  во организација на ОО на Црвениот крст – Прилеп и Општина Прилеп се реализираше во  општинската зграда на локалната самоуправа. Крв даруваат сие оние веруваат дека можат да спасат чвечки живот, зашто крвта е единствен лек кој не се купува.

Продолжуваме со вакви иницијативи, затоа што секоја капка крв значи нова надеж!“,- напиша на својата ФБ страна , градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Редовна крводарителска акција, кој се организира најчесто на 17 март по повод Ден на крводарителството, односно денот на основањето на Црвен крст на Република  Македонија, беше посетена и од граѓани на Прилеп.

Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест. Од тие причини мотивирањето на населението за доброволно дарување на крв е исклучително важно за градење позитивен однос кон крводарувањето.

Би можело да ве интересира

Демант на УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на дел од Колумната „ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(17)“

Гордана Цветаноска

(Видео) Oдговори и одговорност бараат прилепчани по кочанскиот трагичен настан

Пела Редакција

Mотор удрил во автомобил, двајца тешко повредени

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе