20.1 C
Прилеп
четврток, 8 мај, 2025
Пела Радио

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров„ засадија 59 дрвца во спомен на жртвите од кочанската трагедија

Во спомен на своите врсници и останаите 59 жртви во кочанската трагедија, учениците  од СОУ  „Ѓорче Петров“ на денот на пролетта, со почит кон жртвите, денеска, во училиштниот двор, засадија 59 стебла на јасен, јавор и фоја. 

Акцијата ја започнаа учениците од шумарско-дрвопреработувачката струка, на кои им се приклучија и  ученици од останатите струки, кои засадија 59 дрва за да го одржи споменот на 59 млади луѓе, некој  и нивни врсници, жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.
59 дрвца , како универзален симбол на вечност, од денеска ќе го красат училиштноот двор, а учениците ќе водат грижа да станат силни и да останат како  вечна порака за сите генерации за постоењето на една младост која требаше да расте и да се развива црвсто како дрвото.   
„Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да се заборави никогаш.
Во нивна чест, учениците од шумарско – дрвопреработувачката струка со помош на останатите ученици, засадија 59 стебла на јасен, јавор и фоја во нашиот училиштен двор“, стои во објавата на ова училиште во Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ФОТО)Со почит кон верата- Свечена божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“

Елизабета Филипоска

Димоска: Среќна сум што номинацијата 13 Величествени доаѓа од мојот Прилеп (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

АНКЕТА ЗА РАДИО ПЕЛА – ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ НИ Е НАЈВАЖНО!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе