29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи со црни дресови за почит кон загинатите во трагедијата

Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи во црни дресови на натпреварот против Лихтенштајн, во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката во Кочани.  Фудбалерите изразија сочувство и најавија дека ќе играат во нивна чест.

Натпреварот, кој е дел од квалификациите за Светското првенство 2026, ќе се одигра во сабота во 15 часот на стадионот Рајн Парк во Вадуц.

Стартниот меч Македонија ќе го започне во специфична и тажна атмосфера, поради трагедија во Кочани во која животот го загубија 59 млади лица. Ја нема еуфорија ниту  насмевки кај репрезентаивците затоа што во Македонија се уште е во ден на жалост кога ќе се игра мечот во Вадуц, па тимот реши ,да настапи и со црните дресови за да покаже почит кон загинатите во оваа најголема трагедијата во Македонија.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп не ја доби битката со Пролет

ВАРДАР НОКАУТИРАН, ТОА И ГОДИ НА ПОБЕДА!

КАПИНКОВСКИ: ПУБЛИКАТА НИ Е ВЕТЕР В ГРБ!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе