10.6 C
Прилеп
вторник, 25 март, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Законски измени, санкции и физичко обезбедување бараат вработените од МЦСР-Прилеп

Вработените од јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Прилеп, денеска во 12.30 часот одржаа мирен протест, по повод инцидентот кој се случи вчера попладнето, кога нивната колешка, социјална работничка беше застрелана од 50 годишниот А.Ј. бегалец од Психијатриската болница во Демир Хисар.

Тие потенцираа дека сочувствуваат со нивната колешка на која и посакуваат оздравување и надминување на сите последици од вчерашниот обид за убиство.

Со овој мирен протест  сакаме да ја изразиме нашата загриженост и револт поради зголемените случаи на насилство врз вработените во Центрите за социјална работа кој кулминираше вчера со обид за убиство врз наша колешка. Тоа е јасен показател дека итно се потребни системски промени за заштита на вработените во Центрите за социјална работа-велат вработените во Центарот во нивното соопштение за јавноста.

Наведуваат дека секојдневно се соочуваат со закани, вербални и физички напади додека ја вршат својата должност за заштита на најранливите категории граѓани.

Недостатокот на безбедносни мерки во институциите каде што работиме сериозно го загрозува не само нашето физичко и ментално здравје, туку и квалитетот на услуги што ги обезбедуваме-информираа вработените. 

Бараат законска заштита, односно донесување на законски измени со кои нападот врз вработените во Центарот за социјална работа ќе се третира како напад врз службено лице, построги санкции за насилниците, односно итно процесирање на сите случаи на напад врз вранотените во ЦСР и соодветно санкционирање. Исто така бараат и физичко обезбедување, психосоцијална поддршка и унапредување на условите за работа.

Од ова место сакаме да изразиме силна осуда на говорот на омраза кој што континуирано се случува, а ескалираше во вчерашниот ден на социјалните мрежи. Таквиот говор на омраза само ги охрабрува сите оние кои мислат дека се незадоволни и може да придонесе за ново насилство во која било институција- се вели во соопштението за јавноста од страна на вработените во Центарот кои ги повикаа органите на прогон да ги санкционираат ваквите однесувања на поединци. 

На крајот, вработените во Центарот изразуваат благодарност кон нивните колеги од останатите центри кои исто така протестираат, за дадената безрезервна поддршка.

 

 

Би можело да ве интересира

Од петок 26-ти јуни отворени границите, од 1 јули аеродромите и нема тестови и изолација

Елизабета Филипоска

И талентирани и хумани! Учениците од „Ристе Ристески-Ричко“ги воодушевија прилепчани

Пела Редакција

Роденденот на Гоце Делчев во Прилеп се слави со песна (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе