9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

ЧОВЕШТИНА!!!

Само тоа е потребно, да се погледнеме во огледало, да си се прашаме и да си признаеме – ДАЛИ СУМ ЧОВЕК?! Во ова време на трауми, трагедии, на психози, на црнила, на сите можни знајни и незнајни лошотилаци само едно е важно, да си буричнеме во нашата душичка и да се запрашаме:                                                 ДАЛИ ЈАС СУМ ЧОВЕК?!

Јунаците од Кочани не’ потсетија што е човештина со својата хуманост, со својот начин дури и животот да го стават во опасност, па дури и да го дадат за да спасат други животи.

Јован од Виница кој денеска се врати во училиштните клупи меѓу другарите спасувајќи повеќе од 20 свои знани и незнани пријатели во „дискотеката на смртта Пулс“ во Кочани.
Илчо, возачот од Звегор, делчевско, кој го положи животот за да спаси други млади животи возејќи 11 пати во кобната ноќ од Кочани до Скопје, работејќи непрекинато 32 часа. Илчо легна да одмори и не се разбуди повеќе.
Има уште многу херои кои од мрачната црна магла што надвиснала во Македонија доправа ќе бидат откриени и ќе им оддадеме признание за она што го подариле за другите, НЕ БАРАЈЌИ НИШТО ЗА ВОЗВРАТ, НИШТО ЗА СЕБЕ!
Македонија се обедини да помогне давајќи несебична поддршка преку помош – Црвениот крст можеби најмногу во историјата од постоењето на оваа организација собра донации – финансиска помош за настраданите.
Медицинскиот персонал, спортисти од Македонија, фирми, поединци, цел регион, цела Европа се обедини да помогне во намалување на страдањата, на болката на оние што преживеаја таква незамислива трагедија.

Но, не бидува човек, НЕ БИДУВА ОПШТЕСТВО, ЗАЕДНИЦА, не бидува УТРЕ, чекорење напред ако нема ПРАВДА, ако нема ОДГОВОРИ И ОДГОВОРНОСТ за трулото, за гнилото во нас, во системот, во врските кои го движат АПАРАТОТ НАРЕЧЕН ДРЖАВА. ТОА – КОРУПЦИЈАТА, МИТОТО, НЕПОТИЗМОТ, КАНЦЕРОТ СО ДЕЦЕНИИ се гнезди и ја ништи секоја пора од нашата заедница, од татковината.

Тоа, злото, не може да се излекува со злоба, со лошотилак, со нечовештина, без основно ХУМАНО чувство. Не бидува утре без луѓе во вистинска смисла на зборот.
Во Прилеп велат или си брат, сват или пријател, тоа важи и за Македонија, оваа мала прекрасна земја која најмногу се обединува со тага.

Но, Македонија знае и да се радува на успеси, особено кога победува заеднички непријател што денес е неправдата скриена во секоја пора од нашето живеење во сојузништво со алчноста, себичноста, корупцијата.

Не помина ниту еден ден по седумдневната жалост да не се случи обидот за убиство во МЦСР Прилеп. Уште пострашни се коментарите на социјалните мрежи, па човек да се запраша дали живееме во ист град, во иста држава? По информацијата за трагедијата која можеше да се случи човечно ли е да се одобрува, па дури и да се поттикнува насилството ??? Колку треба да сме лоши, злобни, непромислени да се каже позитивен збор за обид за убиство?

Да прашам – се гледате ли во огледало ВИЕ КОИ КОМЕНТИРАТЕ И ПОДДРЖУВАТЕ УБИСТВО?

ИМА ЛИ ВРЕДНОСТ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ?

Верувам дека сите го знаеме одговорот на ова прашање, барајќи го својот лик во огледалото на искреноста.
Македонија, граѓаните, бараат правда, посакуваат, ова мало парче земја и народ кој секој ден се ретчи и се намалува, конечно да тргне напред, да се обедини по доброто, по човечното. А патот кон искрената желба да опстоиме лежи токму таму – во ЧОВЕШТИЛАКОТ, во ЧОВЕШТИНАТА, кој што  тргна, за жал, преку највредното – МАКЕДОНСКАТА МЛАДОСТ во оваа тажна пролет што наликува на некое ледено доба без светлина и радост.

Зракот на светлоста го носиме секој од нас, секој во нас. Да го побараме, да се погледнеме прво во себе си, а потоа во најблиските, пријателите, сограѓаните, во непријателите.

СИТЕ ДЕЛИМЕ ЕДНО ПАРЧЕ ЗЕМЈА – АЈДЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ПОУБАВО.

ЗАТОА ШТО ПОДОЛУ, ПОЛОШО, ПОЗЛОБНО ОД ОВА НЕ МОЖЕ, НИЕ ОД ПООДАМНА ТОНЕМЕ ВО ЖИВ ПЕСОК, ВО БЕЗДНА, 

              ОД КОЈА АКО СМЕ ИСКРЕНИ ТРЕБА СИ ПРИЗНАЕМЕ ДЕКА-

             САМО ЧОВЕШТИНАТА Е НАШАТА СЛАМКА ЗА СПАС  !!!

Би можело да ве интересира

Горивата изгор, кои се алтернативите – ПрилепНаТочак!

Уште еден возрасен прилепчанец (66 г.)почина од КОВИД 19. Регистриани 10 нови

Елизабета Филипоска

Д-р Ржаникоски тврди дека болницата е во колапс и дека виталните апарати делумно функционираат

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе