11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Преку документарен филм – поголема промоција на Општината

Во Младинскиот културен центар во Општина Новаци, Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола одржа проекција на документарниот филм за општината кој беше прикажан на македонски, англиски и турски јазик.

Проектот Документарен филм за Општина Новаци на македонски, англиски и турски јазик има за цел да ја промовира општината, нејзините карактеристики, културно – историските споменици, можностите за инвестиции пред домашната и странска јавност се со цел развивање на рурален туризам и привлекување на странски инвестиции.
Општина Новаци е општина која зафаќа голема површина во пелагонискиот регион. Со своите природни убавини, планини, реки, културно – историски знаменитости овој регион пружа изворедни можности за развој на селскиот туризам, спортскиот лов и риболов и др. За таа цел потребата од снимање и реализација на документарен филм за општината беше од огромно значење. Филмот ќе придонесе за промоција на убавините што ги поседува Новаци, но и ќе допре до секоја целна група на туристи кои се едни од најбројните посетители во Македонија.
„Постојат голем број истражувања во светот кои укажуваат дека руралниот туризам има голема улога во креирањето на економијата на државите. За таа цел, преку овој филм ќе се направи промоција на општината на јазиците на најбројната група на туристи што ги посетуваат населените места во Новаци. Според Заводот за статистика на Република Македонија, најголем број на туристи во Пелагонискиот регион се граѓаните на Република Турција. Новаци како општина во која се снимаше турската серија Збогум румелија е прва на листата за посета на турските туристи.“ – истакна Мартин Николовски, претседател на здружението Интерактив.
На проекцијата на филмот присуствуваше и градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски кој истакна дека е од голема важност промоцијата на општината надвор од границите на државата, затоа што покрај туристи може да се привлечат и странски инвестиции.
Од здружението Интерактив истакнуваат дека со проектните активности предвидени за овој проект ќе се придонесе да се презентираат природните убавини што ги поседува Општина Новаци, ќе се истакнат можностите за инвестирање во општината, развој на руралниот туризам преку туристичка понуда на историски локалитети што ги поседува општината, како и да се мобилизираат младите во креирањето на културен и социјален живот во општината.

Би можело да ве интересира

Крушевските села се дезинфицираат

Гордана Цветаноска

Затворен за сообраќај регионалниот пат Прилеп – Плетвар

Увоз на работна сила бараат пелагониските стопанственици

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе