0.2 C
Прилеп
вторник, 8 април, 2025
Пела Радио

Прилепчанец 75 годиншен со автомобил“опел“ удрил во лице на велосипед

Вчера повторно повреден велосипедист. Колата ја управувал 75 годишно лице кое при судирот, му нанел на 50 годишниот велосипедист тешки телесни повредни.

Настанот се случил вчера попладне (05.04.2025 година)  кога во 12.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на улицата „Андон Слабејко“ во Прилеп, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од О.Ѓ.(75) удрило во велосипед управуван од М.Т.(50)

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Инаку, само при вчерашната контрола, сабота 05 април 2025 година, полицијата во Прилеп  утврдила 81 прекршувања кои ги направиле возачи по различни основи.

Вчера,  во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за Униформирана Полиција-Биро за Јавна Безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола, ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 81 возач од кои: 22 лица за возење без возачка дозвола, 5 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 3 возачи под дејство на алкохол, 8 возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест, 3 мерки за брзина поголема од дозволената, 8 мерки за непрописно паркирани возила, 6 мерки за претовар на товар и необезбеден товар, 4 барања за правни и одговорни лица, одземени се 2 пмв по 344/4 од ЗБСП односно возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци, одземена е една возачка дозвола по член 341 од ЗБСП како и останати  прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

“Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“ се вели во соопштението на полицијата.

Би можело да ве интересира

Поправал трактор и тешко се повредил

Пела Редакција

Царината заплени половина тон тутун за наргиле и над 2 илјади електронски цигари

Пела Редакција

Прилепчанец напишал недоличен коментар на фејсбук и добил кривична пријава

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе