7.5 C
Прилеп
вторник, 8 април, 2025
Пела Радио

Поради снег забрана за тешки товарни возила на превојот Ѓавато, Буково,Стража..

АМСМ информира дека од 17 часот има забрана за управување со тешки моторни возила на патен правец Охрид-Битола кај превој Буково. Од 16:20 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и  на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата има остатоци од кашест снег на коловозот.

Би можело да ве интересира

Од утре нема одење во шума! Ќе следат казни!

Елизабета Филипоска

Еко акција за пошумување во организација на прилепските советници

Елизабета Филипоска

За една седмица морталитето зголемен за 23 починат од ковидвирусот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе