Денес, 8 април, го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите – ден кога се потсетуваме на историјата, културата и придонесот на ромската заедница во нашето општество.
Во таа чест, во Општината се одржа средба со претставници на ромската заедница, на која отворено разговаравме за актуелните прашања, предизвиците со кои се соочуваат, но и за можностите за унапредување на нивната положба преку конкретни мерки и заедничка соработка.
Како симбол на почит и поддршка, денес пред зградата на Општината беше свечено подигнато ромското знаме.
Општина Прилеп останува посветена на градење на инклузивна заедница, во која секој граѓанин ќе се чувствува еднаков, прифатен и вреднуван. Денес не само што одбележуваме еден значаен ден, туку и потврдуваме дека заеднички можеме да изградиме подобра иднина за сите. Нека е честит 8 април, Меѓународниот ден на Ромите!