За сите вас, од сите нас, медиумско изненадување во пресрет на велигденските празници. РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА, Радио Пела во својот медиумски концепт каде се сместени бројни програмски изненадувања, од неодамна ја додава и мултимедијалната платформа , РТВ ПЕЛА која функционира на многу едноставен начин, се’ со цел да бидеме подостапни до сите вас. Треба само да влезете на нашиот портал www.radiopela.mk и веднаш од десна страна се наоѓа просторот каде треба да кликнете и ќе ви се отвори https://live.radiopela.mk/. Од тој момент вие сте наши редовни гледачи.
Нашата интернет телевизија полека ги вклопува и надоградува содржините кои ги пренесуваме секогаш навремено и точно, разговори, емисии, репортажи и секако дневната информативна ПЕЛАГОНИСКА ХРОНИКА од 17:00 и 19:30. Затоа што сакаме основата на ПЕЛА ТВ да биде музиката, бидејќи ние сме РАДИО ПЕЛА, на нашата ТВ ќе имате можност да гледате и слушате музика од различен жанр, да гледате филмови (ОД 20 ЧАСОТ СЕКОЈ ДЕН ), да следете секојдневни информации, едноставно со еден клик да не’ гледате и слушате.
Бидете секогаш заедно со нас на https://live.radiopela.mk/ . За време на празниците уживајте во нашата велигденска програма со многу празнични пораки од нашите пријатели. Очекувајте не’ со многу аудио визуелни изненадувања, зошто ние сме #РАДИОШТОСЕГЛЕДА, за сите вас ви приредивме мултимедијално изненадување РТВ ПЕЛА. Колку повеќе сме заедно со вас, толку повеќе го приближуваме музичко – информативниот свет до вас.
На РТВ ПЕЛА ќе гледате СЕ’ , на РАДИО ПЕЛА ќе слушате СЕ’ , на РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА ќе разговараме за СЕ’ , мултимедијалниот медиум со еден клик го имате пред вас, само на www.radiopela.mk .