Од вчера стартуваше фудбалската ренесанса за прилепска Победа. Нови луѓе, ново раководство нова фудбалска иднина за брендот на земјава. Жена ќе ја предводи Победа, да се надеваме до нови успеси и враќање на фудбалскиот статус кој го заслужува овој клуб. Имено, формиран е нов Управен одбор на клубот од 8 члена. Тие се: Небојша Стојковиќ, Владимир Мирчески, Сашко Попоски, д-р Весна Неделковска, Јана Мицковска – Попоски, Димитар Трајков, Горан Зечевиќ и Александар Крстески. Спортскиот директор Стојковиќ гостуваше во нашата спортска емисија која ја реализираме во понеделник и петок од 11 часот во отворената програма #РАДИОШТОСЕГЛЕДА. Се она што е актуелно во клубот, амбициите за во иднина и како ќе функционира прилепска Победа, можете да погледнете во видеото подолу, а новото раководство и тоа како оптимистички гледа на иднината на црвенобелите.