19.4 C
Прилеп
петок, 25 април, 2025
Пела Радио

Регионална конференција во Охрид за зелени урбани транспортни решенија и одржлива мобилност

Во Охрид, на 24 и 25 април 2025 година, се одржа регионалната конференција „Зелени урбани транспортни решенија“, која обедини над 130 учесници од Западен Балкан и Европската Унија, меѓу кои носители на одлуки од национални и локални институции, парламентарци, универзитетски професори, граѓански организации и регионални експерти. Во фокусот на конференцијата беа клучните предизвици поврзани со еколошкото влијание на транспортот, интегрираното планирање, финансирањето на урбаниот транспорт, транзицијата кон автобуси со нулта емисија, платформите за чисти автобуси, како и потребата од усвојување и примена на национални и локални планови за одржлива урбана мобилност (SUMP и NUMP), заедно со предлогот за донесување Закон за интегриран транспорт.

Конференцијата се организира во соработка со Транспортната заедница, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Општина Охрид, Техничкиот Факултет во Битола, CIVINET – SLO- CRO и бројни регионални партнери и академски институции.

Преку низа панел-дискусии, интерактивни работилници, теренски посети и тематски презентации, беа обработени теми како електромобилноста, автобуси со нула емисии, финансирањето на нискојаглеродни решенија, развојот на планови за транспорт без бариери, регионалната поврзаност и логистичките стратегии за намалување на емисиите на CO₂. Посебен акцент беше ставен на политичката волја како предуслов за спроведување на стратегиите, но и на потребата од вклучување на граѓаните и обезбедување финансиски механизми достапни и за помалите општини. Конференцијата ја потврди потребата од координирана транзиција кон климатски одржлив и социјално инклузивен транспортен систем во регионот, при што институциите, академијата, граѓанските актери и меѓународните партнери имаат клучна заедничка улога.

Од институционален и правен аспект, од клучно значење е властите од регионот да започнат со изработка на Национални планови за одржлива урбана мобилност, да ја транспонираат Директивата за чисти возила и Регулативата за инфраструктура за алтернативни горива, понатаму да се воведе Закон за интегриран транспорт, како и да се направат измени во постојните закони за локална самоуправа со цел нивно усогласување со целите на одржливата мобилност.

Дополнително, неопходно е воспоставување на структура на управување на повеќе нивоа, која ќе овозможи координација меѓу сите нивоа на власт и ефикасна меѓуресорска соработка помеѓу клучните сектори – транспорт, просторно планирање и животна средина.

Со спроведување на овие мерки, регионот ќе добие квалитетни системи на мобилност кои ќе им служат на граѓаните – а не обратно. Одржливиот транспорт претставува прашање на доверба и заедничка одговорност.

Би можело да ве интересира

Родителите ослободен од надомест на трошоци за детските градинки

Елизабета Филипоска

Јанески: Власта не донесе ниту правда ниту мир, време е промени!!!

Пела Редакција

ФК Победа под капата на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе