15.4 C
Прилеп
понеделник, 28 април, 2025
Пела Радио

Стеванче Јорданоски избран за претседател на Национална федерација на фармери

Управниот одбор на Националната федерација на фармери (НФФ), на изборната седница на Генералното собрание на здружението, за нов претседател на НФФ го избра Стеванче Јорданоски, долгогодишен член на организацијата и земјоделец од прилепското село Мажучиште. Јорданоски  е земјоделец кој се занимава со производство на пченица, тутун, градинарски култури и одгледување на крави, а целото негово семејство егзистира од земјоделство. Тој доаѓа на местото од досегашната претседателка Васка Мојсовска, чиј што четири годишен мандат заврши.

„Цел живот работам земјоделство. Ние земјоделците се соочуваме со многу предизвици, како климатски промени, пласман и продаажба на земјоделските производи. Во мојот мандат, заедно со членови на Управниот одбор и Извршната канцеларија на организацијата , ќе се залагам за решавање на овие предизвици и создавање подобри пазарни можности за малите зземјоделци, поголемо вклучување на младите фармери во креирањето на земјоделски политики, како и поголеми поддршки за развој на земјоделските стопанства“, истакна Јорданоски по неговиот избор за претседател на Националната федерација на фармери.

Генералното собрание на една од најголемите македонски земјоделски организации се одржа на 25 април 2025 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во присуство на делегати, земјоделци и соработници на организацијата. Со поздравни обраќања во свечениот дел на Генералното собрание се обратија: Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, чиј мандат заврши на ова собрание, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Сашо Ангеловски, регионален директор за Европа на Шведската организација за развој – We Effect.

 

Би можело да ве интересира

Зголемен водостојот на реките

Гордана Цветаноска

Прилепските пензионери не се откажуваат, бараат правда!!!

Гордана Цветаноска

Прилеп: За 7 дена се потроши буџетот за субвенционирање инвертори и велосипеди

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе