2.5 C
Прилеп
вторник, 21 јануари, 2025
Пела Радио

Зголемен водостојот на реките

Поројните дождови предизвикаа излевање на реката Треска во Општина Пласница. Станува збор за заезерување на земјоделските површини во непосредна близина на течението на реката, но ако е земат во предвид најавите на метеоролозите дека врнежите ќе продолжат, можни се поплави од поголеми размери.
Водостоите на реките во земјава го надминаа просекот за март. Единствен исклучок е Црна Река на мерното место Новаци каде нивото е за една третина пониско од вообичаеното.
Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на реките се на исто ниво или се намалуваат во однос на вчера.
Зголемени се и нивоата на природни езера. Тие имаат повисок водостој од вообичаениот, а единствено нивото на Преспанското Езеро е малку под просекот за овој месец.

Следуваат фотографии направени денеска на регионалниот пат од Македонски Брод кон селото Пласница во непосредна близина на реката Треска:

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова цистерна за миење на улиците доби ЈКП Комуналец Прилеп

Гордана Цветаноска

Учениците од СОУ ОРДЕ ЧОПЕЛА подаруваа бадникови гранчиња

Пела Редакција

БЕСПЛАТЕН РЕКЛАМЕН ПРОСТОР за фирмите кои помагаат во ова кризно време

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе