20.7 C
Прилеп
недела, 4 мај, 2025
Пела Радио

Прилеп одбележа 122 години од смртта на Гоце Делчев и 113 години од смртта на Пере Тошев

Прилеп одбележа 122 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог  и борец за македонската кауза, Гоце Делчев и 113 години од загинувањето на македонскиот револуционер, Пере Тошев, чиј што гроб се наоѓа во црквата Св.Благовештение во Прилеп. Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагација од Советот на Општина Прилеп, претставници од институции и политички партии, граѓани положија свежи цвеќиња пред спомен обележјата на македонските револуционери и на Могилата на непобедените.

„Денес оддаваме почит на двајца великани на македонската историја — 122 години од херојската смрт на Гоце Делчев и 113 години од загинувањето на прилепчанецот Пере Тошев. Нивната визија за слободна и независна Македонија останува светилник за сите генерации! Ние, Македонците, имаме должност постојано да ја пренесуваме нивната приказна — да зборуваме за нивната жртва, за нивната борба и за нивната љубов кон татковината. Само така ќе му покажеме на светот дека Македонија е вековна земја со длабоки корени, со сопствен идентитет, јазик и име кое не се заборава. Нека е вечна нивната слава! Нека живее Република Македонија,“ по тој повод упати порака до своите сограѓани градоначалникот Борче Јовчески.

Во основното училиште кое гордо го носи неговото име денеска достојно одбележа и 122 година од загинувањето на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев со оддавање на почит пред бистата на револуционерот.

Би можело да ве интересира

Завршија трите фестивалски пивофест денови – и повторно за многумина се исполнија очекувањата (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Досега необјавена декларација за Македонија од 1945 г.

Гордана Цветаноска

Симболично со садење дрвца одбележан Денот на Планетата земја

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе